Проверете зошто НИЕ СМЕ ЕКИПА!
Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни
луѓе кои сакаат да бидат дел од нашата Екипа.
Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување на:
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МПО – ГОСТИВАР
Потребни квалификации и знаења
- Образование: ССС/ ВСС
- Работно искуство од минимум 2 години на иста или слична позиција
- Работно владеење со MS office (Excel и Word, работа во софтвер)
- Познавање на албански јазик е значајна предност
- Познавање на техники за унапредување на продажба
Главни обврски и одговорности на позицијата
- Го организира и надгледува работењето на вработените во малопродажниот објект (МПО)
- Менаџира и мотивира повисока ефикасност на продажните асистенти во МПО
- Ги организира и контролира работите врзани за smart pos, касата и администрацијата
- Ја води архивата и сите релевантни податоци за работата на МПО
- Работи во продажба, ги услужува купувачите
- Одговорен е за излагањето на робата во склад со книгата на стандарди
- Сугерира на можности за унапредување на продажбата
- Во комуникација со купувачите, доставувачите и работните партнери го негува долгорочниот однос
- Го следи и обезбедува почитувањето на правилата и процедурите на фирмата, во делокругот на својата работа
- Врши и други работи по налог и упатство на претпоставениот.
Личен профил:
- Комуникативност и преговарчки вештини
- Лидерски вештини и организациски способности
- Самоиницијативност, доверливост и лојалност
- Способност за работа под притисок
- Мотивација за работа во тим.
Нудиме:
- Конкурентна плата и бонус пакети
- Професионален и пријателски тим
- Можност за напредок и кариерен развој
- Стимулативно работно опкружување
Кандидатите кои имаат интерес за позициите и се препознаваат во бараниот профил, ги покануваме да аплицираат. Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо Писмо, испратете ја на маил до 30 – ти април 2018 година преку полето Аплицирај со назнака “Заменик раководител на МПО – Гостивар“.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.