Vrabotuvanje.com - Менаџер за клучни клиенти - Скопје - Vrabotuvanje.com for a client
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер за клучни клиенти

Скопје

Application deadline:

Employer: Vrabotuvanje.com for a client

 

Вработување.Kом, за потребите на свој клиент, дистрибутивна компанија во Скопје - застапник на познати FMCG брендови за Македонија, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
 
МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КЛИЕНТИ 
 
Менаџерот за клучни клиенти e одговорен за целокупното профитабилно работење на компанијата, за креирање извонреден, стратешки, долгорочен партнерски однос со група клучни клиенти со цел планирање, исполнување и надминување на поставените продажни цели и маркетинг активности, како и имплементација на договорената стратегија.
 
 
Главни одговорности:
  • Евалуација на потребите на клиентите и изработка на соодветна продажна понуда
  • Преговарање на условите за соработка и склучување договори со клиенти
  • Планирање и анализа на потребите на клиентот и целокупната соработка со нив
  • Одржување високо ниво на професионален партнерски однос
  • Изготвување извештаи за сработеното
  • Планирање и анализа на продажбата, пазарот и конкуренцијата. 
Потребни способности и вештини: 
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Развиени планирачки, анализирачки и организациски способности
  • Способности за градење и унапредување на релации со клиенти
  • Ориентираност кон остварување на продажни цели
  • Мотивирана и стабилна личност.
Очекувани квалификации: 
  • ВСС, предност Економски факултет – бизнис/менаџмент
  • Најмалку 3 години практично искуство со менаџирање клучни клиенти или продажна организација
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Работно користење на компјутер – MS office (Word, Excel, PowerPoint)
  • Активен возач, Б-категорија.
Што нудиме:
  • Работно време од 8 - 16 часот
  • Службен автомобил и ИТ опрема 
  • Бонуси и целосно платени службени трошоци
  • Можност за напредување
 
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија електронски преку полето Аплицирај, со назнака за позицијата “ Менаџер за клучни клиенти”, најдоцна до 16.05.2018 година.
 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more