Employer: Vrabotuvanje.com for a client {EMPLOYER_IDENTITY_IS_PROTECTED_MESSAGE}
Вработување.Ком, за потребите на свој клиент, дистрибутивна компанија во Скопје - застапник на познати FMCG брендови за Македонија, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР
(Скопје)
Регионалниот менаџер e одговорен за планирање, постигнување на планираниот раст, реализација на целите за продажба и маркетинг активности и успешно координирање на работата на продажниот тим и имплементација на договорената стратегија во прецизно дефиниран регион.
Главни одговорности:
Планирање и презентирање на продажните планови пред менаџерскиот тим
Менаџирање буџети и планови за наплата - реализација
Регрутирање и обучување соработници
Поставување цели, надзор и мотивирање на соработниците во тимот
Грижа за функционалност на тимот и одржување високо ниво на продуктивност
Планирање и креирање годишен план за работа, наплата и маркетинг поддршка во својот регион
Континуирано следење и оптимизирање на залихите
Изготвување извешати за сработеното
Потребни способности и вештини:
Одлични комуникациски, презентациски и мотивирачки вештини
Развиени планирачки, анализирачки и организациски способности
Ориентираност кон остварување на продажни цели
Мотивирана и стабилна личност.
Очекувани квалификации:
ССС или ВСС, предност Економски факултет – бизнис/менаџмент
Најмалку 3 години практично искуство со менаџирање продажна организација
Напредно познавање на англиски јазик
Работно користење на компјутер – MS office
Активен возач, Б-категорија.
Што нудиме:
Работно време од 8 - 16 часот
Службен автомобил и ИТ опрема
Бонуси и целосно платени службени трошоци
Можност за напредување
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија електронски преку полето Аплицирај, со назнака за позицијата “ Регионален менаџер”, најдоцна до 16.05.2018 година.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!