Vrabotuvanje.com - Инжинер за воведување на нови производи (NPI Engineer) - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инжинер за воведување на нови производи (NPI Engineer)

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey

 
Оглас за работа: Инжинер за воведување на нови производи (NPI Engineer)
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 20172015 
 
JM Clean Air е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Инженери за воведување на нови производи (NPI Engineers) кои ќе му се придружат на нашиот тим за Осигурување на Квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје.
 
 
Главни одговорности:
  • Да обезбеди соодветна подршка и да го мониторира имплементирањето на барања за квалитет за време на производството на првите серии од сите новите производи во фабриката. Да поднесе детален извештај за успешноста на имплементација до одговорните лица во оделот за обезбедување на квалитет.
  • Навремено да ги ескалира сите потешкоти и проблеми за кои неможе да донесе одлука до раководителот на смена во оделот за обезбедување на квалитет и да организира состаноци за решавање на овие проблемите со колегите од останатите одели.
  • Да подготви сумарни извештаи со резултатите од тестирањата на сите валидации во фабриката и навремено да ги ескалира сите потешкотии и проблеми за кои неможе да донесе одлука до одговорните лица во оделот за обезбедување на квалитет.
  • Навремена подготовка на форми за собирање на резултатите од тестирањето на сите серии од сериско производство.
  • Да го заменува инженерот за квалитет или Раководителот на смена во нивно одсуство
  • Да ги пренесува на тренинг специјалистот сите специфични барања за квалитет за сите нови производи.
  • Да ги следи и се придржува кон правилата за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот
  • Да извршува останати активности за кои поседува знаење и вештини во разумен обем од своето работно време.
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Универзитетска диплома - Образование на еден од техничките факултети ќе се смета за предност
  • Работно искуство во производствена средина 
  • Познавање на системите за квалитет 
  • Задолжително е одлично владеење на англискиот и македонскиот јазик
  • Познавање на германскиот јазик ќе се смета за предност
  • Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
  • Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
Позицијата подразбира работа во три смени 24/7 и работа во викенди.
 
Интерните кандидати задолжително да го информираат нивниот непосреден Супервизор / Менаџер за нивната намера за аплицирање.
 
 
Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик електронски преку полето Аплицирај, како MS Word или PDF и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана. 
 
Краен рок за аплицирање: 23 Мај 2018
 
Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, брак или граѓанско партнерство, бременост и/или мајчинство, религија или убедување. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more