Vrabotuvanje.com - Референт за анализа и набавка - Скопје - МАТРИКС ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за анализа и набавка

Скопје

Application deadline:

  • МАТРИКС ДОО Скопје

Дел од вашиот автомобил!”, е мото под кое веќе 20 години нашиот тим од 50 вработени го снабдува пазарот во Македонија со резервни делови за сите видови на возила преку својата дистрибутивна мрежа. Од 2013 година продажбата се врши преку “On Line” каталог во кој клиентите можат сами да го дефинираат и нарачаат делот кој им е потребен. Преку мрежата на малопродажни објекти низ цела Македонија, како и преку дневната дистрибуција со сопствени возила, резервните делови се дистрибуираат во најбрз можен рок во сите делови на државата. Од 2015 Година Матрикс е член на интернационалната групација Темот Интернатионал, www.temot.com

 

Во моментов имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:
 
РЕФЕРЕНТ ЗА АНАЛИЗА И НАБАВКА
На резервни делови за теретни возила
 
 
Потребни квалификации:
  • Машински факултет, одсек моторни возила
  • Пожелно претходно искуство во дејноста
  • Познавања во областа на теретни возила, резервни делови и механика е од особено значење за позицијата
  • Работно користење на компјутер – MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Активно користење на англиски јазик
  • Поседување на возачка дозвола Б-категорија
 
Одговорности и задачи:
  • Планирање и организирање на активности за набавка на резервни делови и опрема
  • Изработка и праќање на документи (порачки, спецификации, и сл.) до добавувачи
  • Прибирање информации за барањата и залихите, одредување на количина и квалитет на нарачка, трошоци, датум на испорака и други услови согласно договорената услуга
  • Комуникација со постоечки и потенцијални добавувачи и комитенти со цел воспоставување на однос на доверба со клиентот
  • Анализа на успехот и подготовка на извештаи
  • Управување со останати административни и оперативни функции
 
Лични карактеристики:
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Планирачки и организациски способности
  • Способност за решавање на проблеми
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Иницијатива, проактивност и насоченост кон резултати
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
  • Претходно познавање на теретни возила од пракса ќе се смета како предност
 
Ние нудиме:
  • Почетна нето плата во висина од 30.000 денари
  • Техничко усовршување со фреквентни посети на добавувачите во нивните производствени погони
  • Можност за индивидуален напредок во работата
  • Работа во амбициозен и професионален тим, во динамична работна средина
  • Работно време од 08 до 16 часот, од понеделник до петок

 


Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање на Професионална биографија (CV).

Само кандидати со соодветни квалификации ќе бидат повикани на разговор.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more