Објавува ОГЛАС за следната работна
КОМЕРЦИЈАЛИСТ / КА за Кавадарци-Велес
Датум на објава: 30 Мај 2018
Рок за пријавување до 10 Јуни 2018
Број на оглас: О-МН/И-КО-180530/1
Сектор: Комерција – Нестле / Марс
Локација / Регион: Кавадарци-Велес
Супервизор: Регионален менаџер за продажба во источна Македонија
Работни задачи:
- Дирекна продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на Алма-М,
- Грижа за производи по стандарди на компанијата,
- Грижа за купувачи на дадениот регион,
- Следење и известување за активности на пазарот,
- Грижа за наплата на побарувања,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работењето, и други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти
- Професионално однесување
- Организиран/а и аналитичен/а
- Мотивирана и стабилна личност
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Позитивен однос кон промени
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)
- Поседување возачка дозвола Б – категорија
- Познавање на назначениот регион
- Пожелно е познавање на англиски јазик
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Аплицирајсо задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Паричниот износ на почетната нето плата за огласеното работно место изнесува 18.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена за додаток за работна успешност.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.