ALTEA-MM е компанија која е специјализирана за увоз и дистрибуција на ексклузивни алкохолни пијалаци, храна и сокови и е официјален увозник и дистрибутер на брендовите: Bacardi-Martini, Campari Group, Remy-Cointreau, Cristal Champagne, Bushmill’s Irish Whisky, Del Monte Food и Mareblu за територијата на Република Македонија.
Поради проширување на својот тим, ALTEA-MM објавува оглас за вработување на определено време (замена заради породилно отсуство) за следната работна позиција:
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Квалификации:
- ССС/ВСС-универзитетско образование,
- Пожелно е работно искуство на иста или слична позиција и искуство во планирање и контролинг.
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point),
- Комуникативност, лојалност, педантност, поседување високо ниво на лична организираност, чувство за бројки и едноставни математички и статистички операции, однесување со почит, претставителност, тимска соработка, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење, добро познавање на деловна комуникација.
Одговорности:
- Водење на архива и следење на реализација на договорите
- Евиденција на вработени
- Евидентирање и обработка на патни налози
- Системско работење
- Наплата на побарувања
- Креирање на одобренија и нарачки кон купувачи
- Изготвување на интерни извештаи
- Изготвување на извештаи за отпад
- Изготвување на извештаи кон принципали
- Подготовка и достава на документација до сметководството,
- Водење на благајна
- Набавка на канцелариски материјали
Сите заинтересирани кандидати својата професионална биографија можат да ја испратат на следната e-mail адреса: hr@altea-mm.com, со ЗАДОЛЖИТЕЛНА назнака на апликацијата „за оглас за Административен асистент“.
Напомена:
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!