Vrabotuvanje.com - Платена практикантска работа - Велес - Marquardt Macedonia DOOEL
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Платена практикантска работа

Велес

Application deadline:

  • Marquardt Macedonia DOOEL

 
Маркарт Македонија ДООЕЛ Велес објавува:
 
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
 
 
Маркарт Македонија ДООЕЛ Велес како општестевено одговорна компанија чија определба е континуиран придонес во развојот на зедницата и поттикнување и поддршка на младите лица, нуди можност за платена пракса во траење од 3 до 6 месеци во следните сектори во компанијата:
 
  • Администрација 
  • Производство
  • Електромашинско одржување
  • Квалитет
Потребни квалифиции:
  • Кандидатите да имаат завршено минимум средно образование
  • Да немаат претходно работно искуство
  • Да се посветени, мотивирани  и самоиницијативни.
  • Познавање на англиски јазик и работа со  Microsoft Office пакетот ќе се смета за предност.
По завршување на практикантската работа, компанијата нуди можност за вработување на различни работни позиции во наведените сектори.
 
Во Маркарт, нашите вработени се наша најголема вредност. Она што денес е вообичаено – активирањето на едно копче - не би било возможно без залагањето и талентот на над 10.000 вработени кои работат на 19 локации на глобално ниво. Бидејќи сме свесни дека нашите вработени ја реализираат нашата визија за производство на автомобилски електрични производи со врвен квалитет, ние создаваме можности за нивен раст, развој и обликување на својата иднина.
 
Искористете ја можноста за претставување на Маркарт групацијата во Македонија и истовремено, развивајте ја вашата кариера заедно со нас! 
 
Доколку сте заинтересирани за практикантска работа, со можност за понатамошно вработување, Ве молиме испратете ја Вашата апликација преку полето Аплицирај со назнака: Апликација за пракса (ве молиме наведете ја и областа за која сте заинтересирани).
 
Крајниот рок за аплицирање е 07 Јуни 2018 година. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more