Vrabotuvanje.com - Контролор за извоз-увоз - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Контролор за извоз-увоз

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey

 
Оглас за работа: Контролор за извоз-увоз / Export-Import Controller
 
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2018108
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Контролор за извоз-увоз кој ќе му се придружи на тимот за Логистика во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
 
Кандидатот треба да има позитивен и аналитички пристап, да демонстрира способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин. Потребно е да поседува докажани способности за решавање на проблеми стекнати како резултат на работа во производствена работна средина, демонстрирајќи способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби.  
 
Главни одговорности:
  • Координација на барањата за извоз на дневна основа
  • Следење на извозниот план во согласност со побарувања / испораките, и осигурување дека секој производ е извезен на правилен начин согласно интерните процедури
  • Комуникација и координација на работата поврзана со тимовите за производство и грижа за корисници
  • Активна улога во поддршката на операциите за контрола на материјалите и во управувањето со извозот на отпадот
  • Следење на планот за производство и расположливоста на потребните материјали
  • Осигурување дека сите потребни подготовки се завршени за да се овозможи увозно царинење на суровините
  • Следење на процедури и интерни правила за квалитет
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Високо образование Економски Факултет
  • Работно искуство во производствена средина
  • Познавање и работа во САП 
  • Искуство во користење на компјутеризиран инвентарен контролен систем 
  • Способност и искуство за работење во куси временски рокови
  • Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа 
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel)
  • Активно владеење на македонскиот и англискиот јазик
 
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7.
 
Како да аплицирате:
 
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Аплицирај и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
Краен рок за аплицирање: 10 Јуни 2018

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more