Vrabotuvanje.com - Проектен Менаџер - Велес - Пескара Вел
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Проектен Менаџер

Велес

Application deadline:

  • Пескара Вел

 

ПЕСКАРА ВЕЛ ДООЕЛ ВЕЛЕС е компанија во приватна сопственост која е Специјализирана  и Лиценцирана за изведување на градби од прва категорија, со лиценца издадена од министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Во своето работење компанијата ги применува современите европски стандарди.

Основна дејност на компанијата е пескарање и антикорозивна заштита, но во своето работење го проширува со:

  • стручно заварување применувајќи гасно, електро лачно, МИГ- МАГ и ТИГ постапка, заварувајќи метали и легури, под секакви услови и потреби;
  • изведба на хидро и термоизолација за подобрување на ефикасноста; 
  • изработка на епоксиди, полиуретански и полиуреа подови за индустриски објекти; 
  • сервисирање на транспортни траки и нивна опрема; 
  • изведба на производствени погони;
  • градежништво- изведување на градби од прва, како и втора категорија;
  • трговија со увоз и извоз на стоки.​
 
Работна позиција: Проектен Менаџер – за реализиација на проекти од областа на градежништвото
 
 
Потребни квалификации:
  • ВСС (Високо образование) – Градежен или Машински факултет
  • Минимум 3 (три) години работно искуство во координирање и менаџирање на проекти од областа на градежништвото
  • Познавање на FIDIC стандарди ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија
 
Вештини и спосoбности:
  • Раководни и лидерски способности
  • Одговорност
  • Самоиницијативност
  • Работа на повеќе проекти истовремено
  • Поседување на возачка дозвола
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office и компјутерски програми
  • Способност за разрешување на проблеми
  • Добри организациски и комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот
  • Интерес за постојано унапредување на своето стручно знаење 
  • Познавање на деловните трендови во градежништвото, енергетиката, животната средина итн.
  • Самостојност во работата и мотивираност за надградување
 
Работни задачи:
  • Раководи и менаџира проекти, прокетни процедури и активности
  • Идентификува и оценува трендови и можности
  • Дава насоки на дејствување
  • Обезбедување ефикасна и ефективна имплементација на проектите согласно временската рамка и предвидените цели
  • Планирање, организирање, водење и контрола на градежните работи во претпријатието
  • Анализа и известување за развојот и имплементација на проектите
  • Интензивна комуникација со сите чинители на проектите
  • Обезбедување на рентабилно користење на материјалните и финансиските средства при исполнувањето на планот за градба 
  • Анализа, контрола и оптимизација на трошоците
  • Изработување на периодичен, годишен и финален програмски извештај за проектите
  • Одредување и водење на оперативни и административни работи 
  • Следење и надзор  на објектите во изградба  
  • Водење на евиденција за текот на градбите 
  • Надзор на примената на прописите од областа на БЗР, Закон за градење и слични градежни прописи
  • Учество на саеми и различни промоции
  • Патување во и надвор од земјата
  • Постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности, со цел зголемување на индивидуалните и на компаниските остварени резултати и грижа за угледот на компанијата
 
Распоредот на работното време на проектниот менаџер е соодветно на потребите на процесот на работа на друштвото.
 
Работните задачи се извршуваат како во седиштето на фирмата така и надвор од него, односно на терен, на градилилишта каде што се реализираат проектите.
 
Предвидената основна нето - плата за работната позиција е 60.000,00 денари.
 
За ова работно место се предвидени бонуси и стимулации.
 
 
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија со детални квалификации и релевантно професионално искуство, референци како доказ на претходно искуство и сертификати од поминати обуки, награди, пофалници и признанија; преку полето Аплицирај, со назнака “за оглас проектен менаџер  - за реализиација на проекти од областа на градежништвото”.
 
Контакт телефон: 043-222-241

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more