Vrabotuvanje.com - Оператор на автоматска машина за кроење иверица - Скопје - Vrabotuvanje.com for a client
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Оператор на автоматска машина за кроење иверица

Скопје

Application deadline:

Employer: Vrabotuvanje.com for a client

 
Вработување.ком, за потребите на својот клиент, компанија за изработка на плочест мебел, објавува оглас за регрутирање искусни кандидати за позицијата:
 
Оператор на автоматска машина за кроење иверица
 
 
Главни одговорности:
  • Кроење плочести материјали по дефиниран план за работа 
  • Континуирана контрола на квалитетот при обработка на секоја плоча
  • Уредно редење на искроена роба на соодветни палети
  • Проверка на исправноста на материјалот пред обработка на машина и пријавување на евентуална неисправност на претпоставениот
  • Издвојување на парчињата кои што се кантираат или доработуваат  во текот на кроењето
  • Редовно чистење и одржување на машината според “Запис за одржување на машина за кроење”
  • Следење на резервата од остар алат (пили)
  • Oбезбедување задолжителна резерва на остри пили за тековната и следната смена
  • Грижа за навремено порачување резерви на потрошен материјал за машината
 
Потребни способности и вештини: 
  • Познавање на материјалите за изработка на плочест мебел и оков за мебел
  • Ориентираност кон навремено извршување на работните задачи
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
 
Очекувани квалификации: 
  • ССС 
  • Барем 1 година претходно работно искуство во областа 
  • Поседување возачка дозвола, Б-категорија.

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, испратете ваша апликација со професионална биографија преку полето Аплицирај со назнака за позицијата “ Оператор на автоматска машина” најдоцна до 10.06.2018 година.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани! 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more