Проверете зошто НИЕ СМЕ ЕКИПА!
Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашата Екипа.
Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување на
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ ВО ОХРИД
Потребни квалификации и знаења:
- Образование: ССС / ВСС
- Работно искуство: пожелно работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање на продажни техники е значајна предност
- Познавање на англиски јазик – А1 ниво
- Работа со компјутери: познавање на MS office пакет
Главни обврски и одговорности на позицијата:
- Продажба и услуга на купувачи
- Прием и изложување на роба
- Истакнување на цени, картички за попусти
- Организација и средување на магацин
- Одржување на хигиена во малопродажен објект
- Примена на стандардите и процедурите за работа дефинирани од рабтодавачот
- Грижа за имиџот на фирмата
Личен профил:
- Комуникативност и убедливост
- Спортски дух
- Способност за работа под притисок
- Мотивација за работа во тим
Нудиме:
- Конкурентна плата и бонус пакети
- Професионален и пријателски тим
- Можност за напредок и кариерен развој
- Стимулативно работно опкружување
Кандидатите кои имаат интерес за позицијата и се препознаваат во бараниот профил, ги покануваме да аплицираат. Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо Писмо, испратете го преку полето Аплицирај со назнака “Продажен асистент - Охрид”, до 15ти јуни 2018 година
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.