МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје - Компанија која претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис, ориентирана кон континуиран раст и развој, во насока на проширување на својот тим во Сектор сметководство и финансии, има потреба од вработување на:
Референт во сметководство
1 (еден) извршител
Потребни квалификации:
ВСС – Економски факултет
Поседување на лиценца за овластен сметководител ќе се смета како предност
Предност: повеќегодишно работно искуство во трговска фирма
Работно користење на компјутер – MS Office пакет програми и познавање на софтвер за водење на сметководство
Напредна комуникација на англиски јазик
Главни одговорности:
Книжење на изводи
Комуникација со коминтенти и сложување на картици
Подготовка на финансиски извештаи и анализи
Водење и сметководствено евидентирање на благајна
Контрола на сметководствените податоци
Изработка на извештаи за приходи и трошоци
Книжење и контрола на финансиска и материјална документација
Oстанати пропратни сметководствени активности
Личен профил:
Организациски и аналитички способности
Мотивирана и стабилна личност
Иницијативни и насочени кон резултати
Силно внимание на деталите и доверливоста
Способност за тимска работа
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.
Апликациите може да се достават електронски преку полето Аплицирај.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!