Vrabotuvanje.com - Раководител на сметководство - Скопје - Еуро Табак ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на сметководство

Скопје

Application deadline:

  • Еуро Табак ДОО

 
Раководител на сметководство
 
Гарантира ефикасна организација и управување на Одделението Сметководство, организира и спроведува ефикасна книговодствена подршка за управувањето со финансиите на компанијата, гарантира редовно книжење и ажурирање на податоците во материјалната книговодствена евиденција.
 
 
Одговорности како Раководител на сметководство:
 
Управување со сметководство:
  • Спроведува ефикасно управување и надзор на сите книговодствени процеси и операции во одделението во согласност со законските прописи, меѓународните сметководствени стандарди и компаниските процедури и воспоставува соодветни интерни контроли
  • Одговара за целосно почитување на сметководствените стандарди, водењето на главната книга како и усогласувањето на сметките
  • Ги анализира месечно состојбите, идентификува варијанси и врши прилагодувања во главна книга
  • Врши контрола на ставките во бруто биланс по контен план
  • Врши контрола на сите рачно контирани документи во сметководство
 
Даноци и ревизии:
  • Обезбедува пресметка на даноци, царини, јавни давачки, такси и акцизи
  • Гарантира ефикасно и точно книжење и евидентирање на даночните обврски на компанијата во согласност со закон со цел да овозможи нивно соодветно плаќање. 
  • Учествува во ревизии, вклучувајќи и годишни надворешни ревизии, и соработува со претставници на даночни контроли од надлежни институции согласно закон
 
Законска усогласеност:
  • Врши контрола на формалната исправност на книговодствената евиденција согласно законската регулатива и контниот план
  • Одговара за навремено и правилно прокнижување и евидентирање на побарувањата и обврските
  • Организира и спроведува попис на основни средства, залиха на трговски стоки, опрема, материјали и амбалажа
 
Извештаи и прегледи:
  • Учествува во подготовка на завршна сметка
  • Изготвува месечни прегледи на даноци, ажурира и подготвува пријави за ДДВ
  • Гарантира водење на комплетната документација и подготовка на потребни податоци и информации до надворешни институции врз основа на книговодствената евиденција 
 
 
За возврат Еуро Табак нуди:
  • Можност за професионален и личен развој 
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата 
  • Динамична работа
 
 
Ако сметате дека:
  • Вие сте тимски играч
  • Имате одлични аналитички вештини
  • Поседувате организациски способности
  • Имате способности за менаџирање на време
  • Сакате работа во динамична средина
 
 
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
 
Својата професионална биографија CV може да ја доставите преку полето Аплицирај
 
Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки ресурси на Еуро Табак.
 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more