Vrabotuvanje.com - Работник во производство - Скопје - Алкалоид АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Работник во производство

Скопје

Application deadline:

  • Алкалоид АД Скопје

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:
 
А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е
 
го објавува следното слободно работно место:
 
Работник во производство
15 извршители
 
 
 
Потребни квалификации и вештини:
  • ССС – фармацевтски техничар, хемиски техничар, процесно производен техничар, гимназија
  • Работно искуство во производство, ќе се смета за предност
  • Способност за тимска работа и работа под притисок
  • Иницијативност и подготвеност за учење 
  • Педатност, прецизност и максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови
 
Цел и одговорност на работното место:
  • Комплетно изведување на процесите на производство и пакување, со цел добивање на квалитетен производ
  • Припрема за работа и контрола на производната опрема во тек на работата
  • Машинско и рачно пакување на готов производ и припрема на амбалажа за пакување
  • Припрема и чистење на машините, работните места и просториите пред и по завршување на работа
  • Водење записи за активностите
 
 
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.
 
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во три смени, со почеток од: прва смена од  6:00 до 14:00 часот, втора смена од 14:00 – 22:00 часот и трета смена од 22:00 – 06:00 час. 
 
Неделното работно време е од понеделник до петок, со можност за работа во сабота, согласно потребите од производство. 
 
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 12.936 МКД до 25.102 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.
 
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават преку полето Аплицирај, со назнака: „За оглас – Работник во производство – Фармација”. 
 
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
 
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување. 
 
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more