Вработување.ком, за потребите на свој клиент, компанијата АСПРОМ од Скопје со дејност завршни работи во градежништво / монтажа на подни облоги, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
(2 извршители)
Комерцијалистот делува и работи во насока на спроведување на сите комерцијални/продажни активности и обврски за беспрекорно функционирање на Секторот за комерцијално работење.
Главни одговорности:
- Комерцијално организирање на продажбата, реализација на зададените планови
- Континуирано следење и евиденција на процесите и процедурите во продажба
- Подготвување тендерска документација и учество на тендери
- Пронаоѓање нови потенцијални и посета на тековни клиенти, креирање стратешки и долгорочен партнерски однос со истите
- Б2Б продажба и презентација на производите - подни облоги
- Примање нарачки, организирање испорака и реализација на продажба
- Изработка на понуди, договори и друга техничка документација
- Грижа за навремена наплата на побарувањата од клиентите.
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Висока ориентираност кон остварување на продажните цели
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
- Иницијативност и координативност при промовирање на брендовите
- Развиени планирачки и организациски способности
- Мотивирана и стабилна личност
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
Очекувани квалификации:
- Минимум ССС, ВСС ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство на комерцијална позиција
- Солидно познавање на англиски јазик
- Работно користење на компјутер – MS office пакет
- Активен возач, Б-категорија.
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Аплицирај со назнака за позицијата “ Комерцијалист” најдоцна до 26.06.2018 година.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.