ARC Automotive е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи. ARC го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. ARC ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Компанијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
ARC Automotive oбјавува
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
ARC Automotive, како компанија чија стратешка определба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, спроведува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. ARC на овој начин придонесува кон зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
Квалификации:
- Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на универзитетско образование, Економски факултет.
- Одлично познавање на Microsoft Office апликациите и одлично познавање на англиски јазик се сметаат за предност.
- Посветеност, мотивираност, иницијативност
- Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
- Мотивациско писмо на англиски јазик
- Биографија (CV) на англиски јазик
Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 3 месеци, со можност за продолжување.
Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од ARC Automotive и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.
Документите треба да се достават до АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ - Сектор за управување со човечки ресурси, Скопје со назнака за “Практикант” преку полето Аплицирај
Рок за доставување: 29.06.2018
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.