Vrabotuvanje.com - Инженер за поддршка на процеси - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер за поддршка на процеси

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey

 

Оглас за работа: Инженер за поддршка на процеси / Process Support Engineer

Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2018057


Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Инженери за поддршка на процеси (Process Support Engineer) кои ќе му се придружат на тимот за поддршка на процеси во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.


Главни одговорности:

  • Tехничка поддршка на тимовите во производство
  • Одржување на врска меѓу локалното производство и нашиот Оддел за технологија лоциран во Обединетото Кралство
  • Претставување на нови производи во фабриката
  • Идентификување, планирање и имплементација на технички активности за континуирано подобрување
  • Водење грижа  сите прашања /проблеми поврзани со поддршката на процесите да бидат целосно испитани, како и документирани, превземање и имплементација на корективни мерки 
  • Водење на проактивна комуникација со сите оддели ( Производство, Магацин, Квалитет, Лабораторија, Одржување, ИТ) со цел осигурување  на навремено доставување информации кои може да се спречат загуби на компанијата
  • Обезбедува сите барања на клиентите, како  и интерните барања за квалитет да бидат  реализирани навремено
  • Обезбедување проактивен и одговорен пристап кон правилaта за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот 

 

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате:

  • Универзитетска диплома (од областа на хемиско инженерство или слично), но не е неопходно
  • Идеално 2-3 години работно искуство во производствена средина со хемиски процеси
  • Само-мотивираност со одлични комуникациски способности и воспоставување на ефикасни работни односи
  • Способност за работа под притисок и со куси временски рокови
  • Ефикасни организациски и планирачки способности
  • Силна волја за учење и примена на нови способности со високо ниво на прецизност и квалитет во работењето
  • Флексибилност и способност за брза реакција на променливи деловни потреби
  • Способност за работа со Microsoft Office
  • Течно зборување и пишување македонски и англиски јазик

Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7

 

Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија на e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.


Краен рок за аплицирање: 11 Јули 2018

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more