Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
ВИЉУШКАРИСТ
Одговорности и задачи:
- Управување со виљушкарот согласно работните упатства за безбедно ракување
- Водење грижа за безбедноста на луѓето во процесот на работа
- Товарање и истоварање стока согласно процедурата за транспорт
- Одржување хигиена во просторот за работа согласно процедурата за хигиена
Потребни квалификации:
- ССС (машински техничар, електро-техничар, сообраќаен-техничар ќе се смета за предност)
- Стекната диплома за управување со виљушкар ќе се земе за предност
- Претходно работно искуство во работа со електричен виљушкар ќе се земе за предност
- Подготвеност за работа во смени
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ви нудиме:
- Можност за стекнување на знаење и искуство, од искусни обучувачи кои се долгогодишни членови на тимот на Вивакс.
- Можност за напредување во работата.
- Обезбеден оброк.
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “ВИЉУШКАРИСТ“.
Конкурсот е отворен 7 работни денови од неговото објавување (од 04.07.2018 до 12.07.2018).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!