Vrabotuvanje.com - Продажен претставник во продавница - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продажен претставник во продавница

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 

 
Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје
 
Тим Скопје/Служба за директни  продавници/ Сектор за приватни корисници/ Област на главниот комерцијален директор
                                                        
Работно место: Продажен претставник во продавница - Скопје -  ангажман на определено време
 
                           
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место 
 
 
Услови:
  • Вишо или Средно образование
  • 1 година соодветно работно искуство
  • Добро  познавање на англиски јазик
 
 
Работни задачи:
  • Исполнување на зададените продажни цели, индивидуални и тимски, по сите категории на сервиси од компанијата. Се ангажира максимално за зголемување на задоволството на корисниците на компанијата кои го посетуваат Продажното место
  • Врши постојано зголемување на нивото на up-sales/cross-sales во Продажното место, преку проактивно нудење на сите корисници кои ќе го посетат продажното место на некоја дополнителна услуга, дополнителна опрема
  • Ги почитува сите  процедури и инструкции за работа, кои се однесуваат на работата во Продажното место и на склучувањето на договори со корисниците, активирањето на сервиси, тарифни модели, дополнителни услуги, наплата на фактури и останати услуги за корисниците. Максимално одговорно и професионално се грижи за сите уреди и артикли кои се предмет на продажба и за лагерот во Продажното место 
  • Врши информирање и презентации на корисниците за производите и услугите на компанијата (нови кампањи, нови пакети и производи, тарифни модели, опрема, accesories и друго)
  • Ги почитува сите процедури и инструкции за работа поврзани со севкупното материјално и финансиско работење на Продажното место, на уплатата на дневниот промет, на работата со готовина, за компанијата. Да известува за сите воочени неправилности и отстапувања
  • Врши комплетирање на корисничката документација, правилно идентификување на корисниците, ажурирање на корисничките податоци, притоа водејќи сметка за заштита на корисничките лични податоци. Да известува за сите воочени неправилности и отстапувања
  • Да ги запазува и почитува сите законски прописи и акти од областа на малопродажбата, да ги подготвува  сите потребни извештаи и спецификации, поврзани со работата на Продажното место.
  • Способности и вештини:
  • Комуникативност, тимска работа, организациски способности, инвентивност, преговарачки способности, способност за решавање на проблеми, аналитичност, креативност, познавање на новите технологии 
 
Вашата биографија може да ја  оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Продажен претставник во продавница - Скопје
 
 
Огласот ќе биде објавен на ден 06.07.2018 година и ќе трае  до  18.07.2018 година
 
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 3 242 – 602 до 16:00 часот  
 
Работно време во смени. 
 
Предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  19.026,00 денари и бонус за продажба согласно комапниските регулативи.
 
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
 
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more