Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го сочуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека
ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
го објавува следното слободно работно место:
1. ПЦ Фармација – Фармацевтски корпоративен развој – Истражување и развој – Фармација
1.1. Истражувач во Истражување и развој – Фармација: 15 извршители
Како ќе Ве препознаеме:
- Го имате следното високо образование: магистер по фармација/дипломиран фармацевт, дипломиран инженер технолог, дипломиран хемиски инженер, доктор по општа медицина или доктор по стоматологија.
- Работно искуство не е неопходно, но доколку го имате во областа на аналитичката хемија, технологијата или клиничките испитувања, особено во фармацевтска компанија, ќе имате предност во процесот на селекција.
- Способни сте за работа во тим и имате силни индивидуални вредности и потенцијали.
- Способни сте да работите со временски рокови и можете навреме и успешно да ги исполните проектните активности.
- Самоиницијативноста и подготвеноста за учење Ви се воочливи лични карактеристики.
- Постојано размислувате за подобрување на секојдневните активности.
- Докажано сте креативни и иновативни.
- Педантни сте, прецизни, максимално посветени и сте докажано одговорни при реализирање проекти.
- Дискретни сте и се однесувате одговорно кон доверливи информации и се грижите за нивната безбедност.
- Поседувате високо ниво на комуникациски вештини.
- Го владеете англискиот јазик на високо ниво.
- Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.
Цел и одговорност на работното место:
- Комплетно изведување на процесите на истражувачка работа во Истражување и развој, со цел добивање безбеден, ефикасен и квалитетен производ.
- Грижа за средствата и за опремата за работа и безбедно работење со сите видови материјали.
- Водење записи за активностите.
Работниот однос за позицијата се заснова со прв Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 до 15:30 часот, а по потреба може да се организира и работа во втора смена. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира од 15.477 МКД до 47.663 МКД, но секако ќе зависи од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават преку полето Аплицирај со назнака: „За оглас – Истражувач во Истражување и развој Фармација”
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот ќе биде отворен до 13.07.2018.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.