Vrabotuvanje.com - Одвојувач на лекови - Скопје - ФЕНИКС Фарма
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Одвојувач на лекови

Скопје

Application deadline:

  • ФЕНИКС Фарма

ФЕНИКС Фарма, дел од германската групација PHOENIX водечка веледрогерија за лекови во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите. 
 
 
Доколку сте амбициозни, сакате предизвик, имате  позитивен и професионален пристап кон работата,
приклучите се на нашиот тим на работно место: 
 
ОДВОЈУВАЧ НА ЛЕКОВИ
 
 
Одговорности:
  • Одвојување на лекови со терминал, по работен налог
  • Складирање на лекови
  • Следење и контрола на роковите и сериите
  • Следење на процедурите и стандардите на компанијата
 
Квалификации:
  • ССС
  • Фармацевтски техничар ке се смета за предност
  • Со или без работно искуство
 
 
Потребни вештини и способности:
  • Одговорност и прецизност
  • Тимска работа
  • Работа во динамична средина
 
Ви нудиме:
  • Работа во интернационална компанија
  • Стекнување на нови искуства 
  • Работа во сигурна и безбедна средина
  • Работното време е во смени, од 9:00-17:00 и 14:00-22:00
 
 
Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација електронски преку полето Аплицирај. 
 
Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more