Vrabotuvanje.com - Специјалист за маркетинг и комуникации - Скопје - Охридска банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за маркетинг и комуникации

Скопје

Application deadline:

  • Охридска банка АД Скопје

 
Охридска банка вработува! 
 
Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.
 
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
 
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. 
 
Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати. 
 
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:
 
 
Специјалист за маркетинг и комуникации
(Скопје)
 
 
 
 
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Ги дефинира, управува и оценува комуникациските политики и акции (интерно и екстерно)
  • Им асистира на менаџерите во нивните комуникациски цели и активности
  • Одговорен за визуелниот идентитет на банката за сите употреби (интерни и екстерни) во сите видови медиуми
  • Дизајнира и составува повеќе институционални, промотивни или финансиски информативни документи 
  • Води, координира и промовира различни операции кои придонесуваат во развојот на имиџот и репутацијата на банката, со помош на комуникациски алатки: односи со јавност, спонзорства итн. 
  • Презема одговорност за односи со јавност и за комуникациската димензија, интерно и екстерно во главните секторски проекти
  • Реализира и координира бројни операции потребни за интерна комуникација во поглед на: собирање, формулирање и циркулација на информации преку различни пишани публикации и аудио-визуелна продукција
  • Учествува во организирањето на интерни настани
  • Одговорен за техничка продукција на комуникациски медиуми 
  • Го реализира составувањето и објавувањето на различни публикации на дирекцијата во различни видови медиуми (дигитални, печатени, социјални мрежи итн.)
  • Презема одговорност за односи со добавувачите 
  • Ја организира фото и видео архивата 
  • Одговорен за дизајн, составување, организирање и имплементација на содржината на институционалната веб страница
 
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Завршен Економски факултет, отсек Маркетинг или Е-Бизнис или сродни науки;
  • Напредно познавање на Англиски Јазик
  • MS Office Пакет (Word; Excel; PowerPoint)
  • Тимски играч;
  • Способност за почитување на строго дефинирани рокови
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.
 
 
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 20.07.2018 год. преку полето Аплицирај со задолжителна назнака „Апликација за Специјалист за маркетинг и комуникации“. 
 
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
 
 
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more