Vrabotuvanje.com - Техничар за тестирање на автомобилски емисии (СЦАТ Техничар) - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничар за тестирање на автомобилски емисии (СЦАТ Техничар)

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey

 
Оглас за работа: Техничар за тестирање на автомобилски емисии (СЦАТ Техничар) / Automotive Emissions Testing Technician (SCAT Technician)
 
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2018043
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
 
Џонсон Мети има потреба од СЦАТ Техничар (SCAT Technician) кој ќе му се придружи на тимот за контрола на квалитет / СЦАТ лабораторија во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
 
 
Главни одговорности:
  • Подготовка и анализа на примероци и користење на лабораториска опрема, при тоа задолжително следење на стандардите за квалитет 
  • Грижа и одржување на опремата 
  • Следење на добра лабораториска пракса 
  • Асистирање во истражување и обезбедување на аналитичка поддршка при крајното тестирање на производот
  • Асистирање во навременото реализирање на финалните производи.
  • Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа 
 
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Средно техничко образование или Универзитетска диплома  од областа на Инженеринг/ Технички науки ќе се смета за предност 
  • Работно искуство во производствена компанија, како претходно работно искуство во индустриска лабораторија ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на Microsoft Excel и Microsoft Office 
  • Лични карактеристики на само-мотивираност и одлични комуникациски вештини 
  • Способност за работа со куси рокови
  • Способност за учење и применување на нови вештини, а истовремено одржување на високо ниво на точност и квалитет во работењето  
  • Задолжително познавање на пишуван и говорен англиски и македонски јазик
 
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
 
 
Како да аплицирате:
 
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Аплицирај и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
 
Краен рок за аплицирање: 22 Јули 2018

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more