Vrabotuvanje.com - ИТ Специјалист - Инженер за Бази на Податоци - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ИТ Специјалист - Инженер за Бази на Податоци

Скопје

Application deadline:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

 

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 
 
Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:
 
ИТ Специјалист - Инженер за Бази на Податоци
во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје 
Референца Бр. 004/2018
 
 
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 
  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки; 
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
  • Одлични познавања и претходна работа со:
  • Microsoft SQL Server (2005/2008/2012/2014/2016) бази на податоци;
  • Windows Server OS (2003/2008/2012/2014/2016) и виртуелни околини на VMWare и VirtualPC;
  • Central Backup System (Tape libraries, backup concepts, …);
  • Microsoft Office 
  • Windows Desktop OS; 
  • монитирање на компјутерски и телефонски мрежи и нивно каблирање, како и останата компјутерска опрема.
  • Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување. 

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

  • Одржување и администрирање на следните сервиси:
  • Microsoft SQLServer бази на податоци (2005/2008/2012/2014/2016);
  • Windows server OS(2003/2008/2012/2014/2016);
  • Виртуелни околини на VMWare и VirtualPC;
  • Central Backup System (Tape libraries, backup concepts, …);
  • Microsoft Office;
  • Windows Desktop OS;
  • Одржување и администрирање на базите на податоци и инсталација и тестирање на нови верзии на базите на податоци (DBMS);
  • Администрација и одржување на систем за бекап на податоци и развој, управување и тестирање на процедури за бекап и враќање на податоците;
  • Осигурување дека процедурите за складирање, архивирање, бекап и враќање на податоците функционираат точно;
  • Креирање на документација за базите на податоци, процедури, дефиниции и податочни стандарди;
  • Воспоставување на потребите на корисниците, надгледување на корисничкиот пристап и сигурност, како и контрола на дозволи за пристап и привилегии;
  • Пуштање во продукција и инсталација на нови апликации и прилагодување на постојните со цел подобро да ја остварат нивната цел;
  • Поставување, инсталација, одржување, следење и евидентирање на дефекти при работата со компјутерската и мрежната опрема и комуникациските уреди;
  • Инсталација или преинсталација на оперативни системи и потребни услужни програми.
 
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 31 јули 2018 година електронски преку полето Аплицирај, со назнака: Референца Бр. 004/2018 –ИТ Специјалист - Инженер за бази на податоци.
 
За да аплицирате, потребно е да ни доставите ваше резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки и потврди за вашите претходни релевантни работни ангажмани, кои се бараат за оваа позиција. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни. 
 
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
 
Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови и ќе влезат во потесниот круг, ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more