Vrabotuvanje.com - Помлад стручен соработник за население - Скопје - ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помлад стручен соработник за население

Скопје

Application deadline:

  • ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции:

Помлад стручен соработник за население, Регионална Дирекција – Центар (Скопје), Сектор за управување со физички лица.
(Определено време во траење од 6 месеци со можност за продолжување)


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • VII-1 степен, ВСС, Eкономски факултет;
  • Најмалку 1 година работа на продажба на производи и услуги на Банката;
  • Познавање на сите кредитни, картични и депозитни производи и услуги на банката наменети за население како и познавање на другите услуги што ги нуди банката;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS Office), Англиски – комуникациски вештини;


Опис на работното место/одговорности:

  • Сеопфатно сервисирање ( финансиски и сите останати банкарски услуги ) на клиенти – примање и обработка на кредитни барања и цела пропратна документација од клиентите, евидентирање на инструментите за обезбедување;
  • Врши анализа на кредитните барања и дава предлог мислење до соодветното ниво на одлучување;
  • Дава информации за депозитните продукти на банката и совети за орочување;
  • Опслужува клиенти кои активно користат еден или повеќе производи;
  • Надгледување на пласманите и наплата - следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање, координација на работата со службите за наплата;
  • Води евиденција на клиентите, со цел запознавање на нивните потенцијални потреби, запознавање на клиентите со понудата на банката;
  • Развој на депозитно и кредитно портфолио на експозитурата;
  • Одржување квалитетни контакти со клиентите, а по потреба посета на клиентите;
  • Давање информации за производите на банката – лично, телефонски или преку е-маил;
  • Целосна одговорност за ризикот, успехот и обемот на своето работење;
  • Одговорност за квалитетот на услугата према клиентот;
  • Предложување мерки за подобрување на продажбата во договор со надлежните и анализа на резултатите;
  • Превзема мерки со цел зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (cross selling),
  • Одговорност за реализација согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура;
  • Воспоставување на контакти со потенцијалните клиенти;


Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Минималната основна месечна нето плата за бараното работно место изнесува 21.900,00 денари а максимумот изнесува 34.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта, лично на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје или преку полето Аплицирај,  најдоцна до 10.08.2018 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more