Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Како разултат на континуираниот раст и развој Еуро Табак има потреба од проширување на својот продажен тим
со новоотворени работни позиции
Комерцијалисти за реон Скопје
Локација: Скопје Договор: Определено
Оддел: Продажба Рок на пријава: 17.08.2018
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот, на брендовите и артиклите на компанијата на продажно место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Одговорности како Комерцијалист
Продажба и наплата:
- Зема нарачка во продажно место и ја евидентира електронски во софтверот
- Ја следи листата на должници и презема активности за наплата на побарувањата
Развој на продажбата:
- Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
- Прибира податоци од секое продажно место во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба
- Дава предлози за можности за соработка со определени продажно место
Договори со купувачи:
- Преговара и договара соработка со продажно место
- Подготвува годишни договори и анекси на договори за продажно место
- Води евиденција на склучени договори со купувачи
- Доставува примероци од договорите со купувачите до претпоставениот
Ако сметате дека:
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
- Поседувате организациски, продажни и преговарачки способности
За возврат Еуро Табак нуди:
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.