Vrabotuvanje.com - Брусачи заварувачи - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Брусачи заварувачи

Куманово

Application deadline:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал и има околу илјада вработени, од кои голем дел се акционери. Таа располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени члични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција. 

Брусачи заварувачи​
3 (три) извршители, на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

 

Задолжителни услови:

  • ССПз-бравар, машинобравар
  • Пожелно е работно искуство 2 години

Одговорности:

  • врши брусење и заварување на цевки и профили кои се за репаратура
  • запотребитенапроизводство, а по налог на претпоставениот работи браварско заварувачки и други работи,
  • врши и други работни задачи од својата стручност по налог на претпоставениот

 

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Аплицирај, или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за -----”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во насловот.  

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат во предвид.

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more