Сакаш предизвици и поразлична работна средина?
Сакаш да ја смениш околината и да се запознаеш со нови луѓе?
Имаш желба да споделуваш и да се стекнуваш со знаеља од областа на технологијата?
Дојди да работиш во Софија, главниот град на Бугарија, а ние ти нудиме:
месечна плата од 1 100 лева по 6 месечен пробен период (около 440 EUR нето);
секој месец бонус од 500 лева (около 200 EUR нето) врз основа на твоите постигнати резултати (без ограничување во случај на надминување на зададените цели);
можност за дополнителен бонус доколку одлично се покажеш за време на твојата обука;
учество во месечни и годишни натпревари врз основа на постигнати резултати (со големи материјални и парични награди);
програма за препорака на колеги со бонуси од 300 лева (около 120 EUR);
бесплатен интензивен курс по бугарски јазик во времетраење од една недела;
ментор, кој ќе се грижи за твојата обука;
бесплатен телефон, разговори и интернет;
бесплатно здравствено осигурување;
работа во тим со исклучително мотивирани продавачи;
можност да се придружиш кон лидерот на пазарот на телекомуникациите на Бугарија;
Подготвување на потребните документи за престој и работа во Бугарија на сметка на А1 Бугарија, како и помош при наоѓање на сместување (околу 100 EUR).
Од тебе го очекуваме следново:
Да ги услужуваш корисниците на А1 Бугарија на ниво според определените стандарди за квалитет на компанијата;
Да остваруваш продажби и да ги задржуваш корисниците согласно целите кои ти се поставени тебе лично, како и целите кои ви се поставени како тим на месечно ниво;
Да градиш позитивен однос при комуникација со корисници,
Да спроведуваш плаќања и административно да ги реализираш остварените продажби;
Да се запознаеш со пазарот на телекомуникациски услуги на Бугарија.
Вашата биографија можете да ја испратите преку полето Аплицирај.
Аплицирај сега!
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!