Vrabotuvanje.com - Администратор за поддршка - Скопје - Охридска банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор за поддршка

Скопје

Application deadline:

  • Охридска банка АД Скопје

 
Охридска банка вработува! 
 
Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.
 
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. 
 
Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати. 
 
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:
 
 
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Обезбедување на IT техничка поддршка за вработените
  • Инсталирање и конфигурирање на компјутерски хардвер, софтвер, принтери и скенери
  • Mониторинг и одржување на компјутерски системи
  • Комуникација со надворешни партнери поврзани со сервис и одржување на опремата
  • Администрација на Microsoft сервери
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Завршен електротехнички факултет, отсек информатика или друг факултет за информатички и телекомуникациски науки;
  • Пожелно е кандидатот да поседува сертификати од областа; 
  • Познавање на Microsoft околина (Windows 10, Server 2012/2016);
  • Тимски играч;
  • Вештини за решавање на проблеми
  • Способност за почитување на строго дефинирани рокови
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.
 
 
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 22.08.2018 год. преку полето Аплицирај со задолжителна назнака „Апликација за Администратор за поддршка“.
 
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
 
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more