Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.
Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:
- Обуки и развој
- Креирање и спроведување на програми за обуки во согласност со политиките на групацијата и потребите на деловното работење
- Го предлага и го следи буџетот за тренинг
- Предлага и креира програми за развој со цел создавање и одржување култура на учење
- Ги координира и организира задолжителните обуки за сите вработените
- Постапува во согласност со актите на Банката поврзани со внатрешната мобилност
- Идентификување на таленти и план за наследување (People review)
- Координација на процесот на идентификување на таленти и план за наследување
- Предлага и спроведува акции за развој на таленти и клучни ресурси
- Оценка на перформансот
- Го координира процесот на оценка на перформансот на вработените
- Им дава поддршка на менаџерите во процесот на оценка на изведбата и е-валуација
- Брендирање на Дирекцијата за човечки ресурси
- Мисии на Дирекцијата за човечки ресурси
- Спроведува мисии за човечките ресурси на Банката, подготвува извештаи и предлага соодветни мерки за подобрување
- Активности за развој на човечките ресурси
- Подготовка на предлози и учество во проекти за развој на човечките ресурси
- Работно искуство во областа мин. 1 година
- Работно искуство во областа мин. 1 година
- Високо образование – Општествени науки (Менаџмент на Човечки ресурси; Психологија и сл.)
- Напредно познавање на Англиски Јазик
- Напредно познавање на MS Office пакетот
- Тимски играч;
- Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 21.08.2018 год. преку полето Аплицирај, со задолжителна назнака „Апликација за Специјалист за обуки и развој“.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.