Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА ЗА СТРУМИЦА
Одговара за остварување на висока изложеност и видливост на асортиманот, брендовите и артиклите со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Одговорности како Унапредувач на продажбата:
- Го спроведува рут планот и ги остварува теренските активности на ефикасен начин
- Поставува и одржува сталажи, дисплеи и други видови на опрема за изложување на брендовите и артиклите во согласност со процедурите и стандардите
- Одговара за остварување на поставените цели од дневниот и месечниот план
- Дава предлози за можности за соработка со определени продажни места
- Гради добри односи на соработка со секое продажно место, врши проверка на залихите и роковите на производите на лагер во продажното место и договара спроведување на активности за подобрување на соработката во рамки на договорените услови за изложување на производите со купувачот
Ако сметате дека:
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
- Поседувате организациски способности
За возврат Еуро Табак нуди:
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Својата професионална биографија CV може да ја доставите преку полето Аплицирај.