Vrabotuvanje.com - Виш извршител во Инвестиции - Скопје - Алкалоид АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Виш извршител во Инвестиции

Скопје

Application deadline:

  • Алкалоид АД Скопје

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрен восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

го објавува следното слободно работно место:

1. ОЕ Корпоративни служби – Снабдување, инвестиции, транспорт – Инвестиции
1.
1. Позиција: Виш извршител во Инвестиции – 1 (еден)


Како ќе Ве препознаеме:

  • Имате завршено високо образование: Машински факултет – Термичко инженерство.
  • Имате минимум 3 години работно искуство во проектирање, изведба и во надзор над изведба на термотехнички системи, машини, уреди и инсталации во областа на комфорна и на процесна климатизација.
  • Имате познавање од техника за ладење и од проектирање контролно регулациона техника.
  • Доколку поседувате Овластување Б за машинство за изработка на проектна документација и за надзорен инженер, ќе имате предност пред останатите кандидати.
  • Способни сте да работите со временски рокови и можете навреме и успешно да ги исполните проектните активности.
  • Самоиницијативност, одговорност и динамичност се Ваши воочливи лични карактеристики.
  • Педантни сте, прецизни и максимално посветени при реализирање проекти.
  • Дискретни сте и се однесувате одговорно кон доверливи информации и се грижите за нивната безбедност.
  • Поседувате високо ниво на комуникациски, организациски и преговарачки вештини.
  • Го владеете англискиот јазик на високо ниво.
  • Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office и со AutoCAD.

Цел и одговорност на работното место:

  • Планирање и организација при креирање технички решенија и обработка на понуди во областа на централните системи за греење, климатизација и за вентилација.
  • Следење и контрола на документацијата неопходна за изработка на проекти.
  • Надзор при изведување на работите во однос на квалитет, вградени материјали и на опрема, а врз основа на важечките прописи и технички стандарди.
  • Организација, учество и контрола при изведба на работи и при монтажа на терен.
  • Изработка на предмери за барање понуди и обработка на добиените понуди за избор на опрема.
  • Следење и примена на нови технологии.
  • Познавање и следење на законската регулатива.
  • Континуирана внатрешна комуникација со останатите оддели од компанијата, како и надворешна комуникација со партнери изведувачи, државни институции и со институции од локалната самоуправа.
  • Грижа за еколошки чиста и здрава животна средина.


Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) или од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот. 

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира од 26.565 МКД до 47.663 МКД, но, секако, ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

Career@alkaloid.com
со назнака: „За оглас – Виш извршител во Инвестиции”
Вкупната големина на елeктронската апликација не треба да надминува 20 MB.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа. Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек. Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more