Vrabotuvanje.com - Отворени работни позиции - Скопје - MLT Investment Ltd.
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Отворени работни позиции

Скопје

Application deadline:

  • MLT Investment Ltd.

 

MLT Investment Ltd. вработува ПРОФЕСИОНАЛЕН КАДАР за својот тим со локација во град Скопје


КОИ СМЕ НИЕ ?
Мултинационална компанија која овозможува исклучително искуство за нашите клиенти во областа на online игрите на среќа. MLT Investment Ltd. нуди услуги во делот на објаснување на игрите на среќа, што значи дека ние не работиме со клиенти, ниту со кеш или електронски пари. 

Ние сме присутни во повеќе европски земји и сега го прошируваме нашиот тим и во Скопје. Нашата активност е строго регулирана и работиме во согласнот со европските и македонските регулативи. 

Од нашето долгогодишно искуство научивме дека само доколку вработените се среќни и задоволни, ќе можат да постигнат добри перформанси. Токму ова е причината поради која ние се грижиме за нашите вработени и се трудиме да овозможиме најдобри услови за работа. Ние сме компанија која смета дека секој заслужува шанса да докаже дека може да работи за нас. 

Што очекуваме од вас:

  • Добро познавање на англиски јазик 
  • Поседување на организациски и комуникациски вештини
  • Одговорност и самодисциплина
  • Посветеност кон работата
  • Подготвеност за работа во 3 смени (07:00-15:00) (15:00-23:00) (23:00-07:00)
  • Познавање на турски јазик ќе се смета за предност

Не е потребно претходно работно искуство, бидејќи ние ги цениме нашите вработени според нивните лични особини. 

Плата и бенефиции:

  • Почетна нето фиксна плата 19.700 ден. Само за првите 3 месеци, а подоцна 21.438 ден, со можност за зголемување 
  • Месечни бонуси според вашите работни перформанси
  • Платена обука од страна на компанијата


Испратете Ваша професионална биографија (CV) преку полето Аплицирај.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more