КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојaно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 69 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
РАКОВОДИТЕЛ НА ИТ СЕКТОР
Потребни квалификации:
ВСП (високo образование) – економски факултет, информатика или електротехнички факултет;
Најмалку 5 години работно искуство во информатичката област, со најмалку 2 години работно искуство на раководни позиции;
доверлив, аналитичен, педантен и навремен, со високо развиено чувство за економично работење;
Силни организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.
Способност за разрешување на проблеми;
Одлични меѓучовечки и комуникациски способности.
Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија (MS Office).
Предност имаат кандидати кои имаат искуство во работа со ЕРП системи.
Работни задачи:
Дефинира, реализира и следи проекти кои се однесуваат на Продажба, Логистика, Човечки ресурси, Набавка и други сектори;
Дефинира ИТ проекти поврзани со ИТ опрема и софтверски решенија по налог на управата;
Управува со проектите, ги идентификува и решава проблемите и препорачува корективни мерки;
Редовно ја известува управата за статусот на проектите и тековната состојба, и е мост помеѓу управата и ИТ секторот;
Раководи со персоналот од неговиот сектор кои се состои од техничари, специјалисти, аналитичари, проект-менаџери и персонал за поддршка на останатите сектори;
Учествува во креирање и имплементација на систем за селекција и вработување, едукација, оценување и наградување на вработените во секторот;
Услови кои ги нуди КАМ:
Минимална загарантирана нето плата: 60.000 денари + дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи;
Пријатна работна атмосфера, возбудлива и динамична работа;
Удобно и колегијално работно опкружување;
Работа во интернационална компанија;
Регрес и платен одмор согласно законските нормативи;
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку полето Аплицирај.
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница