Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Локација: Куманово и Кр.Паланка
Договор: Определено
Оддел: Продажба
Број на позиции: 1
Рок на пријава: 07.09.2018
Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна:
http://eurotabak.com.mk/kariera/ и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот, на брендовите и артиклите на компанијата на продажно место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Одговорности како Комерцијалист:
Продажба и наплата :
- Зема нарачка во продажно место и ја евидентира електронски во софтверот
- Ја следи листата на должници и презема активности за наплата на побарувањата
Развој на продажбата:
- Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
- Прибира податоци од секое продажно места во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба
- Дава предлози за можности за соработка со определени продажно место
Договори со купувачи:
- Преговара и договара соработка со продажно место
- Подготвува годишни договори и анекси на договори за продажно место
- Води евиденција на склучени договори со купувачи
- Доставува примероци од договорите со купувачите до претпоставениот
Ако сметате дека:
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
- Поседувате организациски способности
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
За возврат Еуро Табак нуди:
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа