Vrabotuvanje.com - Работник во центар за видео надзор - Скопје - Ван Хоол Македонијa
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Работник во центар за видео надзор

Скопје

Application deadline:

  • Ван Хоол Македонијa

Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во с. Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работно место:
 
 
РАБОТНИК ВО ЦЕНТАР ЗА ВИДЕО НАДЗОР
 
 
Опис на работни задачи:
  • Пред преземањето на смената,  врши проверка на функционалноста и исправноста на опремата за вршење на видео надзорот; 
  • Вршење на видео надзор;
  • Евидентирање на сите  нерегуларности лри вршење на видео надзорот и пријавување на истите до претпоставени раководители; 
  • Анализирање на евидентираните настани и проверка на снимениот материјал од видео надзорот; 
  • Анализирање на безбедносните аспекти поврзани со видео надзорот и предлагање на мерки за негово подобрување; 
  • Придржување до воспоставените политики и процедури кои се однесуваат на вршење на работните задачи на работното место;
  • Други работни задачи по налог на претпоставените раководители;
 
Образование, вештини, искуство и способности:
  • Најмалку ССС;
  • Способност за забележување на детали; 
  • Искуство во работа со различни типови на опрема за видео надзор;
  • Искуство во работа со компјутер, вклучувајќи и работа со различни софтвери за видео надзор; 
  • Подготвеност за работа во смени, вклучувајќи ноќна работа, работа на празници и неработни денови; 
  • Пожелно претходно работно искуство како работник за видео надзор; 
 
Што нудиме:
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа; 
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место; 
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад; 
  • Обезбедена исхрана во современа кантина; 
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 
 
Краен рок за доставување на апликациите: 15/09/2018
 
Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more