Vrabotuvanje.com - Асистент за човечки ресурси и кадрова администрација - Скопје - МАКЕДОНИЈАЛЕК ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Асистент за човечки ресурси и кадрова администрација

Скопје

Application deadline:

  • МАКЕДОНИЈАЛЕК ДОО Скопје

 

МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје - Компанија која претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис, ориентирана кон континуиран раст и развој, во насока на проширување на својот тим во Секторот Корпоративни служби, има потреба од вработување на:

Асистент за човечки ресурси и кадрова администрација

Потребни квалификации на кандидатите:

  • ВСС од областа на менаџмент на човечки ресурси, правни, економски или други сродни насоки,
  • Работно искуство од  минимум 3 години во сегмент човечки ресурси или кадрова администрација,
  • Одлично познавање на работа со компјутери (Office пакети/ интернет)
  • Возачка дозвола Б-категорија,
  • Високо ниво на познавање на аглиски јазик пишан и говорен,
  • Познавање на позитивната Законска Регулатива на Р.М, Закон за работни односи и Закон за здравствено осигурување, ќе се смета за предност.

Посакувани карактеристики  на кандидатите:

  • Развиени комуникациски вештини,
  • Доверливост и лојалност
  • Аналитички способности,
  • Самостојност, проактивност и организираност,
  • Тимски ориентирана и мотивирана личност насочена кон резултати.

Основни работни задачи и обврски за работното место:

  • Асистирање во сите фази од процесот на управување со човечки ресурси (регрутација и селекција на кандидати, воведување на нововработени)
  • Ажурирање и администрирање на соодветна кадрова евиденција,
  • Асистирање во реализацијата на сите планови, одлуки, и мерки во домен на човечки ресурси;
Македонијалек на своите вработени, покрај компетитивните месечни примања им нуди и:
  • Одлични услови за работа,
  • Работа во пријатна, пријателска и динамична работна средина,
  • Можност за професионален и личен развој.
 
Заинтересираните кандидати потребно е да ја достават својата кратка биографија на македонски јазик (по можност со фотографија),
директно преку полето за Брза апликација.
 
Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more