Vrabotuvanje.com - Агенти за телефонска продажба и Агенти за директна продажба - Скопје - Мелон Солушнс Дооел
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Агенти за телефонска продажба и Агенти за директна продажба

Скопје

Application deadline:

  • Мелон Солушнс Дооел

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 
Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:
 
 
Агенти за телефонска продажба и Агенти за директна продажба
[реф. бр. 2018-025] 
 
 
 
 
1. Агенти за телефонска продажба
 
 
 
Профил на работната позиција:
  • Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку излезни повици;
  • Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје;
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.
 
 
2. Агенти за директна продажба за територијата на Скопје
 
 
 
Профил на работната позиција:
  • Реализација на посети кај постоечки и потенцијални клиенти на Македонски Телеком АД Скопје со цел директна продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје или извршување на сервисни и промотивни активности;
  • Работа на терен на територијата на градот Скопје;
  • Грижа за клиентите и следење на реализацијата на договорите;
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.
 
 
Профил на кандидатите:
  • Завршено средно образование;
  • Одлични комуникациски вештини, елоквентност, дикција и развиени продажни вештини и моќ на убедување;
  • Претходно искуство во продажба/ директна продажба/ телемаркетинг или грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.
 
 
Услови:
  • Скратено работно време 20 часа неделно;
  • Право на бонус согласно постигнати резултати. 
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
 
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија преку полето Аплицирај најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.
 
 
Мелон Солушнс Дооел
ул. Рузвелтова, бр.19,
1000 Скопје
 
Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more