Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
ТЕРЕНСКИ КОМЕРЦИЈАЛЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР
Локација: Гевгелија Договор: Определено
Оддел: Продажба Рок на пријава: 15.09.2018
Број на позиции: 1
Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна:
http://eurotabak.com.mk/kariera/ и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот и на брендовите и артиклите на компанијата на продажните места со цел да придонесе за зголемување на продажбата.
Одговорности како Теренски комерцијален референт (ТКР):
- Продажба и наплата преку следење на рут планови
- Развој на продажбата
- Преговарање и договарање со купувачи
- Управување со документација
Ако сметате дека:
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
- Ако гарантирате добро управување со возилото на пат, почитувајќи ги доследно прописите за безбедност во сообраќајот
За возврат Еуро Табак нуди:
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа