Вработуваме:
Асистент во Финансии
Кои сме ние?
Нелт СТ e дел од Нелт Група, организациски систем со над 3800 вработени, во 11 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка - во Ангола, Замбија и Мозамбик.
Компанијата е основана во 1998 година со основна дејност - дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, SC Johnson, Dr.Oetker, Hipp, Ipek Kagit, Sebapharma, Filippo Berio, Sportex, Evropa, Skovin.
Одговорности:
- Обработка, книжење и архивирање на влезни финансиски документи, фактури и останати документи
- Изготвување на интерни финансиски извештаи
- Одржување на квалитетни односи со надворешните соработници – деловни партнери во доменот на своите работни задачи (банки, принципали)
- Одговорност за точност, прецизност, исправност на финансиските податоци кои се дел од неговата надлежност
- Одговорност за точно и навремено известување од областите на своите надлежности
- Денарско и девизно плаќање
- Остварување на контакт со банките за завршување на секојдневните операции
- Благајна (исплати/уплати, книжење)
- Останати работни обврски по налог на директно претпоставен
- Оперативни состаноци со директно претпоставени со цел известување за реализација на работните обврски активностите кои се во надлежност, запознавање со новите процеси и барања
Услови:
- Основни услови: ВСС (Економски Факултет)
- Корпоративни компетенци: Професионалност, тимска работа, иницијатива, одговорност, организираност
Општи компетенци:
- Работа на компјутер (Word, Excell, PowerPoint, Internet browser)
- Англиски јазик (пишување и говорење )
- Возачка дозвола Б категорија
- Лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност
Што нудиме?
- Одлична работна атмосфера
- Можност за развој преку адекватни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движењето од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и динамичен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 30.09.2018 год.
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
или испратете го Вашето CV на
Нелт СТ, ДООЕЛ
ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.