Меѓународниот свет на модата е бесконечен бизнис. Сезоните се кратки и колекциите се менуваат и ротираат континуирано. Поради децентрализираното производство и дистрибуцијата во рамки на целиот свет, може да се каже дека денешната мода е навистина глобализирана. Професионалците, на ова динамично поле, се соочуваат со огромни логистички и организациски предизвици.
Recon е семеен бизнис со традиционална историја од над половина век. Компанијата е основана во дваесеттиот век во Ерменија. Во шеесетите години семејството се сели во Холандија, на исток, во селото наречено Алмело. Синот и таткото кои ја делат страста за трговија со мода, се специјализирале во производството и дизајнот на модни елементи за малопродажба во осумдесетите и деведесетите години, како и во обезбедувањето на дополнителни услуги за своите клиенти.
Recon е естаблиран во 1998 година. Во 2011 година се сели во Оуд Меер, лоциран веднаш до меѓународниот аеродром Шипол, попознат како модниот центар на Амстердам. Компанијата се одликува со повеќе од 30 години искуство во модна логистика со персонализираниот пристап на семеен бизнис. Покрај тоа, Recon е познат по својата транспарентна, сигурна и доверлива услуга.
МЕЃУНАРОДНИ ВОЗАЧИ
(м/ж)
Во потрага сме по меѓународни возачи за испораки.
- САМО СО БУГАРСКИ ПАСОШ
- возачко искуство минимум 2-4 години
- возачка дозвола C+CE
- познавање на англиски или германски јазик
- дигитална таксографска картица
Доколку сте заинтересирани да му се придружите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата биографија на англиски јазик електронски преку полето Аплицирај.