Македонска берза АД Скопје е единствена овластена берза за организирање на секундарно тргување со хартии до вредност во Република Македонија, којашто за потребите на своето работење има развиено повеќе софтверски системи кои се базираат на современа технологија на пренесување на податоци во реално време и кои се креирани на начин да ги следат актуелните трендови во информатичката технологија во берзанското работење. Непреченото функционирање и континуираната надградба и модернизација на нашите софтверски системи се наш приоритет и определба. Спецификите и уникатноста на софтверските системи на Берзата нудат можност за стекнување исклучителни знаења и искуства од областа на информатичка технологија која се применува во индустријата на хартии од вредност.
За таа цел, Берзата има потреба од амбициозни и квалитетни кадри од ИТ областа за следниве позиции:
1. СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование во областа на информатичка технологија или средна стручна подготовка во услови на потврдено исклучително познавање на информатичката проблематика;
- Солидни познавање од конфигурација, администрација и поддршка на Windows Server на разни апликациски сервери, домен контролер, backup, анти-вирусната политика и file server и конфигурирање на IIS.
- Елементарни познавања од конфигурирање на хардвер, изведување на хардверски и софтверски инсталации и надградби, решавање на проблемите со HW / SW и решавање на секојдневни системски проблеми; MS SQL Server (select, insert, update, stored procedures); виртуелизација на сервери со користење на VMWare; компјутерски мрежи вклучително и VPN; Cisco Firepower Management Center.
- Креирање на техничка документација.
- Познавање на англиски јазик.
- Претходно работно искуство.
Ваш профил:
- отворена и комуникативна личност, подготвена да соработува со лица на различни хиеарархиски нивоа;
- добро организирана личност која може истовремено да работи на повеќе проблематики, самостојно или како дел од тим;
- мотивирана, иницијативна личност со желба за работа во средина со високи барање и под притисок.
Нето плата: од 50.000 до 60.000 денари
Избраниот кандидат ќе биде ангажиран на определено време, со можност за склучување на нов договор неопределено време во иднина.
.NET ЈУНИОР ПРОГРАМЕР
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование во областа на информатичка технологија или средна стручна подготовка во услови на потврдено исклучително познавање на информатичката проблематика;
- Елементарно познавање на:
- Microsoft .Net Framework >4.5.2
- ASP.Net MVC 5 framework
- Visual Studio >2015
- C# >6.0
- SVN
- Microsoft SQL Server >2008 (select, insert, update, stored procedures).
- Познавање на англиски јазик.
Ваш профил:
- отворена и комуникативна личност, подготвена да соработува со лица на различни хиерархиски нивоа;
- добро организирана личност која може истовремено да работи на повеќе проблематики, самостојно или како дел од тим;
- мотивирана, иницијативна личност со желба за работа во средина со високи барање и под притисок.
Избраниот кандидат ќе биде ангажиран на определено време, со можност за склучување на нов договор неопределено време во иднина.
Нето плата: од 30.000 до 40.000 денари.
Рокот за аплицирање е до 05.10.2018 година.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.