Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - Тотал Плус Логистик
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Application deadline:

  • Тотал Плус Логистик

 
Врз основа на член 22 и 23 од Закон за работните односи, Друштво за производство, трговија и услуги ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:022656-770, објавува оглас за вработување за работно место:
 
 
Специјалист за човечки ресурси-1 (еден) извршител
на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување 
 
 
Услови за вршење на работата:
  • ВСС
  • Претходно работно искуство во струката ќе се смета за предност
  • Задолжително познавање на англиски јазик (одлично пишување, читање и говорење)
  • Одлично познавање на компјутерски вештини MS Office (word, excel, power point)
  • Возачка дозвола Б категорија    
 
Краток опис на работните обврски:
  • Одговорен за изработка, контрола и одржување на целокупната кадрова документација во склад со локалните закони и правилата на Компанијата
  • Одговорен за изготвување и навремена дистрибуција на сите договори за работа на вработените во компанијата, како и за регулирање на нивниот работен статус
  • Одговорен за изготвување на потврди и друга документација на барање на вработените
  • Учество во изготвување на план за нови вработувања
  • Вршење пресметка и изработка на плати и надоместоци на вработените (со детална контрола на годишни одмори, дневни одмори, отсуства и одработени часови)
  • По потреба изготвува огласи, описи на работни места, врши интервјуа
  • По потреба е вклучен во процесот на администрирање на обуките за вработените
 
Потребни вештини:
  • Високо развиени аналитички и организациски способности 
  • Високо развиени комуникациски способности
  • Самоиницијативност
  • Од клучнo значење е изразена способност за работа во тим
 
На вработнеите им нудиме:
  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата
  • Позитивна тимска атмосфера
 
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Работното време започнува во 08:00 часот а завршува во 16:00 часот, полно работно време 40 часа неделно, односно 8 часа дневно. 
 
Основната нето плата изнесува 25.000,00 денари.
 
Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) на е-маил hr@totalplus.com.mk во рок од 5 работни дена од 02.10.2018 година до 08.10.2018 година.
 
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување. 
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more