Vrabotuvanje.com - Техничари во одржување - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничари во одржување

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey

Оглас за работа: Техничари во одржување 
 
Локација: Скопје, Македонија
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од:
 
Машински техничар во одржување (Maintenance Technician- Mechanical) Реф. Бр. 2018157
 
Главни одговорности:
  • Одржување на опремата од погонот за производство и останатата опрема која што го подржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
  • Извршување на сите доделени обврски правилно, во договорената временска рамка, со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа
  • Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата
  • Асистирање во одржувањето на сите системи во рамките на фабриката
  • Придонес за развој на одделот со иницирање на идеи за подобрување на ефикасноста/продуктивноста и безбедноста во сите работни области 
  • Работа со останатите колеги на совладување проблеми во функционирањето на опремата, изнаоѓање и имплементирање на нови подобри технички решенија, и сл.
Електро-техничар во одржување (Maintenance Technician - Electrical) Реф. Бр. 2018158
 
  • Одржување на опрема од погонот за производство и останата опрема која што го подржува работењето на истото, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
  • Справување со електрични дефекти, инсталации и превентивно одржување
  • Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области
  • Грижа за резервните делови 
  • Работа со останатите колеги на совладување проблеми и изнаоѓање решенија, и сл.
  • Можност за стекнување знаења од областа на електротехниката во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата.
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Машински/Електро)
  • Соодветно работно искуство со процеси и инструменти во одржување
  • Познавање на опрема за автоматика: релејно контакторска опрема, сензори, индустриски мрежи и опрема за управување (за електро-техничари)
  • Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, горилници на земјен гас или нафта, одржување на мотори, пумпи, вентили, транспортери, мешалки 
  • (за машинските техничари)
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми под притисок со зададени рокови
  • Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет
 
Позицијата подразбира работа во смени 24/7
 
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Аплицирај и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
Краен рок за аплицирање: 16 Октомври 2018

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more