Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Референт за набавки
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување на активности за набавка на материјали и услуги со цел квалитетно, навремено и оптимално извршување на набавките, а согласно процедурата за набавки на компанијата. Работните активности опфаќаат: подготовка на тендери; процесирање на барањата за набавка; комуникација и соработка со секторите баратели на набавката; изготвување на порачки; прибирање рекламации и несообразности забележани при приемот на стоката или пуштање на опремата во употреба; следење на реализацијата на порачаните услуги/материјали; соработка со магацин за прием на стоки; постапување по правилата и прописите од системот за управување со контрактори од аспект на безбедност при работа. За своето работење ќе одговара на Раководителот на Службата за набавки. Работното време од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува 30.000-36.000 денари.
Потребни квалификации:
- ВСС/VII степен стручна подготовка (економски или технички факултети), претходно работно искуство во набавки ќе се смета за предност
- ВСС/VII степен стручна подготовка (други факултети со најмалку 2 години работно искуство во набавки)
- Одлично познавање на Microsoft апликации (Word, Excel, Powerpoint)
- Одлично познавање на англискиот јазик
Конкурентски предности:
- Желба за работа во средина со високи барања
- Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
- Флексибилност и адаптибилност
- Посветеност, мотивираност, иницијативност
- Тимска работа и кооперативност
- Решавање проблеми
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
- Мотивациско писмо
- Биографија на англиски јазик (CV)
- Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,
каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.