Vrabotuvanje.com - Агент за контакт центар - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Агент за контакт центар

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 

Служба за контакт центар / Секторот за кориснички услуги / Област на Главниот комерцијален директор 

Работно место: Агент за контакт центар  -  5 извршители

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности / вештини за работното место: 

Услови: 

  • Средно образование 
  • 1  година  соодветно работно искуство
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Технички познавања за производите на Македонски Телеком

Работни задачи:

  • Одговарање на дојдовни повици од корисници со цел навремено и квалитетно опслужување. Типот на повици кои ќе му бидат доделени на агентот зависат од skill-овите  за кои агентот е оспособен со претходна обука.  Во текот на разговорот агентот треба да ги запазува сите елементи на комуникација  кои се дел од критерумите за оцена на разговор.
  • Одговара на барањата на корисниците (постојни или потенцијално нови) иницирани преку E-Mail каналот. Детално го разгледува проблемот на корисникот со цел да го разбере. Да разбере  што корисникот бара и што очекува како одговор. Ги прибира сите потребни податоци (од постојните ИТ системи и во комуникација со колеги од други сектори) за припрема на соодветен одговор кон корисникот. Припрема соодветен одговор до корисникот и му го испраќа на корисникот во временски дефинирани рамки.
  • Извршува активности кои произлегуваат од разговорот (Активации/Деактивации на сервиси и услуги,  Барања за продажба, креирање на нарачки, Промени на кориснички податоци, Промени на тарифни модели, Внесување на пречки за технички проблеми кој ги пријавува корисникот, а неможе да се решат по телефон) во соодветните ИТ системи.
  • Заокружување на разговорот со внесување на соодветен код/ови за класификација на разговорот.
  • Правење на појдовни повици (Истражувања на пазарот по телефон за обезбедување на feedback од корисниците, опомени за неплатен долг и друго, Потсетувачки повици кон корисници(потсетување за неплатен долг, извршување на нарачка, и.т.н), Повици за информирање за веќе активирани сервиси, Повици за проверка на решените пречки на корисниците, од страна на техничките служби ) во однос на потребите на работата
  • Давање на информации и технички инструкции за услугите и производите со цел задоволување на барањата на корисникот.
  • Проактивна продажба и понуди за задржување на корисници  по телефон за реализација на планот за продажба
  • Способности и вештини:
  • Комуникациски вештини, напредни продажни вештини,  способности за справување со стресни и конфликтни ситуации, способност за тимска и самостојна работа,


Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Агент за контакт центар.

Огласот ќе биде објавен на ден 16.10.2018  година и ќе трае до 20.10.2018 година

Лице за контакт: Соња Каргова телефонски број  3 242-602 

Работа во смени

Предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  17.298,00 денари и  финансиска мотивација (бонус) за остварување на цели за кориснички услуги. 

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more