REGULATORY AFFAIRS MANAGER
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетска диплома (магистер од областа на фармацевтски или медицински науки)
- Најмалку 4 години искуство во фармацевтската индустрија во регулаторни работи (регистрација на лекови) со докажано искуство во интеракциите со здравствените власти, во управувањето со проекти и ресурси
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Способност за ефикасна комуникација, со докажани убедувачки и преговарачки вештини
- Самоиницијативност, целна ориентација, способност за тимска работа
ЗАДАЧИ:
- Подготовка на регулаторни апликации за продукти, врз основа на документација обезбедена од Глобалниот оддел за регулаторни активности во согласност со локалната регулатива
- Одлуки за локална регулаторна стратегија и оперативно работење за исполнување на локалната бизнис стратегија, во соработка со локалните/глобалните функции
- Навремена и ефикасна комуникација со одделот за бизнис, снабдување и други локални функции за постигнување на заеднички одлуки
- Одговорно преставување на Bayer како компетентен сигурен партнер на локалните здравствени авторитети/ асоцијација на локалната индустрија за сите регулаторни работи
РАБОТНИОТ ОДНОС ЌЕ СЕ ЗАСНОВА ОД 01.01.2019 ГОДИНА на определено време од 1 година, со можност за продолжување на неопределено време.
Вашите биографии испратете ги електронски преку полето Аплицирај