ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2017 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.
ТАВ Македонија, Meѓународен Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага
по нов вработен за позицијата
TEХНИЧАР ЗА МАШИНСКИ СИСТЕМИ
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Работа во смени, дење и ноќе
- Работа во затворено и на отворено, во разни временски услови
- Користење и разбирање на упатства и процедури од производител
- Читање и разбирање на техничка документација
- шеми
- дијаграми
- Спроведување на рутински активности за редовно одржување
- дневни проверки
- периодични проверки
- сервисирања и сл.
- Спроведување на активности за вонредно одржување
- детектирање на проблеми и дефекти
- поправка и сервисирање
- замена на оштетени или дотраени делови
- замена на течности, подмачкување и сл.
- Познавање, работа и одржување на механика, склопови транспортери и транспортни уреди
- Познавање, работа и oдржување на електрика, главни, контролни и командни табли
- Познавање, работа и одржување на електромотори и склоп електромотор-редуктор
- Познавање, работа и одржување на електроника, мрежна опрема и контролери
- Познавање на работа на компјутерска техника и ПЛЦ (основи и принцип на работа)
- Познавање, работа и одржување на хидраулични и пневматски системи
- Подготвеност да се почитуваат сите безбедносни мерки за заштита при работа од несреќи, опасни материјали, хемикалии, итн.
- Aжурирање на соодветна документација, листи за проверка и др. после секоја редовна или вонредна проверка/поправка
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ:
- Средно Техничко Образование (IV степен) – Машински техничар, Електро Техничар, Електроничар
- Возачка дозвола - Б категорија
- Лиценца и важечки сертификати од областа
- Најмалку 2 години работно искуство во соодветна област
- Солидно познавање на Англиски јазик
ВЕШТИНИ:
- Комуникациски вештини
- Одлично планирање и организација
- Тимска работа
- Познавање на компјутерски вештини
- Добро познавање на процедури и прирачници за одржување
- Следење на текот на трендовите и иновациите во областа и вложување во сопственото знаење
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!