Брендот СПЕЦИЈАЛ постои од 1989 година и во своето професионално протфолио ги опфаќа трите главни производствени сегменти: пекарство, слаткарство и готвени јадења, поради континуиран раст и развој имаме потреба од ново вработување за следната работна позиција:
Референт за набавки
Опис на работното место:
Работа според план за нарачки и секојдневна комуникација со добавувачи и магацин
Реализација на политики за корпоративно купување
Континуирано следење на лагер и креирање на точни и навремени нарачки
Договарање на услови и начини на испорака на производите
Активности и одговорности за обезбедување на оптимизиран лагер
Следење на трендови и иницијатива за проширување на палета на производи
Проширување на соработка со нови добавувачи
Анализа и евалуација на зададени таргети
Анализа и евалуација на пазарот на локални добавувачи
Комуникација со постоечки и потенцијални комитенти – развој на пазарот
Потребни квалификации:
Средно или Високо образование;
Минимум 1 годишно работно искуство во компанија за трговија и угостителство;
Познавање на Англиски јазик;
Одлични компјутерски вештини - MS – Office,;
Возачка дозвола Б - категорија
Личен профил:
Одлични комуникациски и преговарачки вештини,
Способност за индивидуална и тимска работа,
Деловна култура.
Прецизност и ажурност во работата;
Личност со позитивен став и ориентираност кон професионално и одговорно завршување на работните задачи
Ние Ви нудиме:
Динамична работна средина каде активно се следи и поттикнува успехот во работењето, а напредокот во кариерата на вработените зависи од остварените резултати.
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете го вашето CV преку полето Аплицирај, со задолжителна назнака на апликацијата “Референт за набавки“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!